Тетовчанец во Мали се заразил со маларија
Тетовчанец на возраст од 24 години заразен со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Инфективната клиника.
Се заразил во Мали каде што работел, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
Здравствената состојба на тетовчанецот му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тој навел дека воопшто не пиел антималарици пред да замине во странство.
За 5 месеци ова е петти случај на заразен со маларија, болест која ја пренесуваат комарци. Еден од заболените почина.
Сите заболени се млади луѓе на возраст од 21 до 35 години.
И во претходните случаи се работеше за луѓе кои заболеле од маларија додека престојувале во странство.
Слично
