Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тетекс“ во проблеми – работниците на неплатен одмор!

„Тетекс“ во проблеми – работниците на неплатен одмор!
Вкупно 220 работници од погонот за тешка конфекција на АД „Тетекс“ од вчера се на неплатен одмор, откако текстилната индустрија не доби нарачка за ноември од германскиот партнер со кој работи. Неплатениот одмор е во траење од најмалку еден месец, а враќањето на работниците на работа ќе зависи од новите нарачки на партнерите во Германија. Синдикатите во Тетекс и гранковиот синдикат на текстилци деновиве преговарале со раководството со барање работниците да бидат испратени на принуден наместо на неплатен одмор за да земаат 70 отсто од платата. Но, раководството ваквото барање го одбило со образложение дека нема пари за исплата и на овие пари. Работниците стравуваат дека може сосема да останат без работа, иако раководството ги уверувало дека за декември веќе има обезбедено нарачки од германскиот партнер и дека сите ќе бидат повикани на работа. Тетовскиот комбинат „Тетекс“ беше еден од најголемите текстилни капацитети во поранешна Југославија, а еден период во него работеа и 8.000 работници. Сега, освен оние што се испратени на неплатен одмор, остануваат уште 150 работници во погонеите за трикотажа и ткаенини.
Слично

Поврзани вести