Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тетекс“ плати 110.650 евра и си докупи акции во ТТК Банка

„Тетекс“ плати 110.650 евра и си докупи акции во ТТК Банка
„Тетекс“ откако докупи 1,07 отсто акции сега поседува 43,6 отсто од акциите во таа банка од каде пролетва доби дивиденда од 136.000 евра Тетовскиот текстилен комбинат „Тодор Циповски-Мерџан“ Тетекс плати 110.650 евра и купи 1,07 отсто од акциите со право на глас во „ТТК Банка“. Со оваа купопродажба „Тетекс“ кој и досега беше најголем поединечен акционер во таа банка го зголеми своето учество за 1,07 отсто и сега поседува 43,63 отсто од акциите со право на глас. Банката објави дека „Тетекс“ купи 9.737 акции со право на глас на јавната аукција што ја организираше банката и на која продаде 31.336 акции со право на глас односно го продаде целиот понуден износ на акции. „Тетекс“ купи безмалку една третина од сите акции што беа понудени на продажба на јавната аукција. Тие акции порано беа сопственост на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Единствена цена по која беа продадени сите акции беше 700 денари за акција. Вкупната сума од продажбата на аукцијата беше 21,93 милиони денари. Банката, согласно со законските обврски за објавување, соопшти дека и Драгољуб Арсовски, нејзиниот претседател на Управниот на јавната аукција купил 1.000 акции со право на глас. По последната промена во акционерската структура два најголеми акционери во ТТК Банка и понатаму се „Тетекс“ и ЕБОР која поседува 18,89 отсто од акциите со право на глас. Како што веќе пишувавме, „Тетекс“ во првите девет месеци годинава има  финансиски приходи од камати, вложувања , заеми и курсни разлики кои се поголеми дури од целокупниот негов приход од продажба во истиот период! Годинава од јануари до септември приходот е двојно повисок од остварениот во истиот период лани. Лани бил 95 милиони денари односно над 1,5 милиони евра, а годинава е 3 милиони евра. Во образложението кон финансискиот извештај на „Тетекс“ објавено на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност нема ниту збор за објаснување на силниот раст на приходот во ставката „камати, вложувања, заеми и курсни разлики“.
Слично

Поврзани вести