Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕТЕКС: Глигорие Гоговски го јакне својот акционерски капитал!

ТЕТЕКС: Глигорие Гоговски го јакне својот акционерски капитал!
Во инвеститорската заедница се шпекулира дека ова може да биде знак дека ќе следува солидна дивиденда на акцијата на „Тетекс“. Оваа компанија годинава во два наврати подели дивиденда, прво 50 денари, а по тоа уште 30 денари за акција „Тетекс“, најголемиот текстител комбинат во земјава, објави дека Глигорие Гоговски најголемиот поединечен акционер во таа компанија, купил 600 акции и со сопственост врз нив се стекнал на 23.12.2015 година. Според официјалната евиденција на Македонската берза за хартии купопродажната трансакција со акциите е извршена на 18.12.2015 година и тоа по цена од 600 денари за акција. Тоа значи дека Гоговски за нив платил 360.000 денари односно околу 6.000 евра. Со тие акции сега Гоговски поседува 12,69 отсто од акциите со право на глас. Во инвеститорската заедница веќе се шпекулира дека ова е сигнал дека таа компанија и во идната година, доколку оваа година ја заврши во добивка . Во прилог на тоа говори и фактот што денеска на куповна страна имаше налог за купување акции во „Тетекс“ по цена од 670 денари за акција. За првите девет месеци годинава „Тетекс“ е во добивка од 2,3 милиони денари  иако од оперативно работење фирмата била во загуба од 1,1 милиони денари. За првите шест месеци годинава податоците покажуваат дека „Тетекс“ е во добивка благодарение на солидните приходи од дивиденда. Според достапните податоци од паричниот тек „Тетекс“ во првите шест месеци од дивиденда има прилив од 33 милиони денари (над 500.000 евра). Во билансот на успех под ставката финансиски приходи „Тетекс“ има приливи од 33,2 милиони денари, најголем дел од нив се дивиденда, а сите или поголем дел се дивиденда од акциите во ТТК Банка каде конфекционерите имаат над 40 отсто од капиталот. Наспроти нив, финансиските расходи изнесуваат само 0,6 милиони денари што значи дека позитивната разлика меѓу овие две ставки е 32,6 милиони денари. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести