Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕСТОВИТЕ ДА ГИ ПЛАЌА РАБОТНИКОТ, А ВЛАДАТА ДА УТВРДИ НАЈВИСОКА ЦЕНА: Комората бара задолжително вакцинирање

ТЕСТОВИТЕ ДА ГИ ПЛАЌА РАБОТНИКОТ, А ВЛАДАТА ДА УТВРДИ НАЈВИСОКА ЦЕНА: Комората бара задолжително вакцинирање

Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш апелира во јавноста за предлогот како да се определи заштита на вработените во приватниот сектор во услови на сеуште актуелен ковид 19 вирус. На денешната прес конференција информираа дека нивното барање, доставено до Владата на 15 ноември предвидува определување на задолжителна мерка за тестирање на невакцинираните вработени лица кој го немаат прележано вирусот Ковид 19 во последните 6 месеци.

„Сакаме повторно да укажеме дека ставот на бизнис заедницата е вработените за време на извршување на работата мора да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот накратко наречен “ВПТ”: вакцинација од вирусот, прележан COVID-19 или да се тестираат. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување на задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови, со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Не случајно се предлагаат брзи антигенски тестови кои се значително поевтини од ПЦР тестовите и се согласно искуствата и во другите земји, вели Анета Трајковска, потпретседател на Стопанската комора.

Комората бара трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови исклучиво да е на терет на работникот, а тоа е за да се постигнело подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот.

„Во спротивно, ваквиот трошок, за бизнис заедницата е непродуктивен, односно трошок без ефект кои во услови на пандемија, здравствена, економска и енергетска криза е неоправдан. Во насока на реализација на спроведување на мерката на задолжително тестирање без истата да предизвика значителни материјални трошоци за работниците, а и поради ризикот од покачување на цените на антигенските тестовите во услови на зголемена побарувачка, бизнис заедницата предлага Владата на РСМ согласно Законот за трговија да донесе Одлука да ја определи највисоката цена (набавна односно увозна цена со оглед дека нема домашно производство зголемена за разумна маржа) за овој вид на тестови. Ние како Стопанска комора на Северна Македонија, ќе упатиме повик до нашето членство, согласно барањата на синдикалните организации да овозможат за вработените кој ќе се вакцинираат 2 дена платено отсуство од работа, вели Трајковска.



Слично

Поврзани вести