ТЕСТИРАЊЕ ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО: Ако не сакаат да бидат тестирани, нема ни да работат
Оние што не сакаат да бидат тестирани во Грција, од денес не смеат да работат. Од денес масовни инспекции се вршат и во приватни компании.
Строги казни ќе има за работодавците и вработените кои одат на работа без тест за коронавирус. Двапати неделно, сите работници во приватниот сектор, без оглед на нивната професија, треба да бидат тестирани. Тестовите се бесплатни, како и за државните службеници. За работодавците кои ги примиле своите вработени без тест, глобата е 500 евра по лице, а во случај на позитивен резултат 1500 евра.
Сезоната почна, а Грција ги отвори своите пристаништа за крстаречки бродови. Во грција бројот на заразени се намалува. Грција очекува опоравување на туризмот.
Слично
