ТЕСТИРАНИ 13 ЛУЃЕ: Словенија може да ги затвори границите
Премиерот на Словенија, Марјан Шарец денес изјави дека Словенија е подготвена и да ги затвори границите ако се зголеми ризикот за влез на коронавриусот во земјата, јавуваат словенечките медиуми.
Здравствените власти денес потврдија дека вкупно 13 луѓе досега во Словенија се тестирани за новиот коронавирус и сите тестови покажале негативен резултат.
Според словенечкиот премиер во оставка, словенечката влада и здравствените институции дневно ги следат настаните поради веројатниот ризик дека вирусот може да се појави во Словенија.
Постојат и сценарија за понатамошни активности, па и ангажирање на цивилната заштита и полицијата ако дојде до поголема бројка на заболени, но сите тие мерки треба да се применат во однос на тоа како ќе се развива ситуацијата.
