Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕСТИРАА 82 ЛУЃЕ: Засега немаат ниту еден заразен со Ковид 19

ТЕСТИРАА 82 ЛУЃЕ: Засега немаат ниту еден заразен со Ковид 19

Сите 82 луѓе кои досега беа тестирани во Косово се негативни на коронавирусот. 

Директорот на Инстиутот за јавно здравје, Насер Рамадани, вели дека само денеска десет лица се тестирани, но кај ниту еден од нив не е регистрирано присуство на вирусот. 

Тестирањата почнаа од месец февруари.

„Има и неколку за кои се чекаат резултати. Нема зголемување на интензитетот на пациенти кои треба да се теситраат“ – изјави Рамадани.

Но, ова не е случај со другите земји во регионот. Во Србија и Албанија се зголеми бројот на заразени. Построги мерки стапија на сила во регионот. 

Слично

Поврзани вести