Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕСТ ЗА ЗАЕВ: Постизборен конгрес на социјалдемократите

ТЕСТ ЗА ЗАЕВ: Постизборен конгрес на социјалдемократите
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го одржува клучниот конгрес, на кој ќе се одлучува и за довербата на актуелното раководство по последните избори. Делегатите треба да ги разгледаат изборните резултати, но и да дискутираат дали за поразот е одговорно партиското раководство. Се очекува на конгресот да се отвори жестока дебата, особено по последните отворени конфронтации меѓу лидерот Зоран Заев и неговиот претходник Бранко Црвенковски. Црвенковски јавно оцени дека ниту тој ниту Заев не се решение кое во моментов му треба на СДСМ, а за лидер на партијата го внесе во игра претседателскиот кандидат на СДСМ Зоран Заев. На ова остро реагираше Заев, кој очекува делегатите денеска да ја потврдат довербата за него. „Десната страна ми е понавалена. Од 2 јуни шетам со нож во грб“ изјави Зоран Заев во интервју за 24 вести, најавувајќи конечна победа на конгресот и нова состојба во СДСМ. Тој вели дека и после конгресот ќе повика на единство, но поинаку. „Така да на единство ќе повикам, ама на престројување. Мора да има ред. Спроведување на одлуките, а не минирање. Сите ќе застанат. Не да покажуваме дека тука сме, а не сме. Помести се дечко, ако не ти се работи, оди на втора трета позиција , ќе дојде друго дете. Цврстина и лидерство. Дојде моментот за тоа да се случи во СДСМ“, изјави Заев. Пендаровски пак децидно не се изјасни, но побара да не го мешаат во внатрепартиските калкулации. На денешниот конгрес, приврзаниците на Заев, како еден од аргументите дека треба да му биде изгласана довербата го нудат и фактот што само за шест месеци, колку што раководат со партијата, тие извадиле серија криминални афери и тоа токму за првите луѓе во владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ. За да се изгласа недоверба на раководството потребно е мнозинство од присутните делегати на конгресот, под услов тоа да не е помалку од една третина од вкупниот број делегати. Досега недоверба му беше изгласана на Владо Бучковски во 2006та, Црвенковски во 2011-та доби поддршка од мнозинството делегати иако истата година ги изгуби изборите. Во 2008та пак Шекеринска си поднесе оставка од лидерското место во партијата.
Слично

Поврзани вести