Тесна трка за петтиот член на медиумското тело: Кои се најсериозни кандидати?
Повеќе од 10 кандидати се пријавиле на огласот за 5 ти член на Ад хок телото за медиуми. Според неофицијални информации во потесен круг се влезени новинарот и граѓански активист Петрит Сарачини, Сефер Тахири , универзитетскиот професор и поранешен новинар и Даут Даути, поранешен член на Комисијата за лустрација.
Порталот Фактор контактираше со Сарачини и Тахири кои потврдија дека се пријавиле на конкурсот.
Според сознанија на Фактор најголеми шанси за член на новоформираната Комисија има Петрит Сарачини за кого лобирале и од потесното раководство на СДСМ .
Сепак, не е исклучено четворицата веќе избрани членови во Ад хок телото утре за кога се очекува да биде комплетиран составот да не постигнат консензус и да биде избран некоj од останатите кандидати. Она што со сигурност се знае е дека петтиот член на Ад хок телото ќе биде Албанец.
Според потписниците на Договрот од Пржино, Ад хок телото ќе започне да ги мониторира медиумите од 5 ти септември за кога е договорено да биде избрана и нова технича Влада. Во текот на следната недела ќе биде познато и името на новиот главнен уредник на МТВ. И во однос на кадровското решение за националниот јавен сервис извори за Фактор велат дека листата на кандидати е стеснета на тројца кандидати но не ги откривцаат имињата. Иако според партиите реализацијата на обврските за исполнување на условите за одржување на изборите на 11 декември оди според предвидената динамика, сепак се’ уште има дозa на резервирност дали тие и ќе се одражат до крaјот на година или ќе биде пролонгирани за напролет заедно со локалните избори. Извори за Фактор брифираат дека неколку амбасасдори акредитирани во земјава ја заговарале тезата дека најдобро е изборите да се одржат идната година. Ќе има или не избори дефинитивно ќе се знaе на 31 август за кога се очекува средба на лидерите на четирите најголеми партии потписници на Договорот од Пржино.
Горазд Чомовски
