Тесла го победи Фолксваген на домашен терен
Огромен успех за Тесла во Германија. Според последните податоци на германската KBA, автомобилот Тесла е најпродаваниот меѓу конкуренцијата од електрични автомобили во Германија. Во првите девет месеци продадени се 38.458 примероци, што е дури за 6.000 единици повеќе од најблискиот ривал Фолксваген.
Во исто време, Тесла оствари раст од 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека Volkswagen падна за цели 40 отсто и продаде само 32.326 електрични автомобили на германскиот пазар. Кога станува збор за продажбата на електрични автомобили, само Audi и Seat од групацијата VW забележаа раст во Германија.
Фолксваген затоа може да се утеши во својата глобална продажба, каде на полето на продажбата на електрични автомобили оствари раст од 25 отсто во однос на истиот период минатата година. Сепак, вкупната продажба на VW Group вклучувајќи возила со фосилни горива (конвенционални и хибридни) падна за 13 проценти. Ова е резултат на проблемите со недостигот на одредени делови, но и проблемите како што се инфлацијата и поскапувањето на енергенсите.
„Напнатата ситуација со понудата на компоненти постојано доведе до корекции во производството. Очекуваме стабилизација на понудата во текот на следната година“, изјави портпаролот на VW по објавувањето на податоците за продажбата.
Интересно е и тоа што и покрај растот, Tesla е погодена од недостиг. Бројот на испораки е рекорд, но логистичките предизвици се се поочигледни, па растот беше помал од прогнозите, нагласува Automotive News Europe.

Фото: EPA/ CAROLINE BREHMAN
