Тесла ќе постави суперполнач за електрични возила во Скопје
Скопје е на мапата градови што ја објавува компанијата Тесла, а на која се наоѓаат сите каде има суперполначи за батериите на електричните автомобили и кадер допрва ќе се поставуваат нови.
На интернет страницата на Тесла под мапата стои дека дополнително ќе биде објавено која локација во главниот град во Македонија ќе се стави суперполначот и кога точно ќе се случи тоа.
Освен во Скопје, Тесла планира да постави нови суперполначи и во Солун, Јанина, Атина, Пловдив, Белград, Јаловик Извор и други места во ссоедството.

Во моментов во Македонија има мрежа на ЕВН на полначи за електрични возила.
Слично
