ТЕШКО ПРАШАЊЕ ЗА ГЕРМАНИЈА: Што да прави со парите?
Германија во првото полугодие забележа рекорден суфицит од 18,3 милијарди евра.
Токму ваков плус во касата буди страст, ја разгорува фантазијата, желби и ветувања-посебно бидејќи се ближат изборите на 24 септември, пишува германскиот печат.
Силен економски раст и историски поволна состојба на пазарот на труд и донесоа на германската држава во првото полугодие на 2017 рекорден суфицит. Сојузната држава, покраини, општини и општествени фондови, кога се подвлече црта, приходувале18,3 милијарди евра повеќе отколку што потрошиле“, пишува Шпигел онлајн по соопштението на Сојузниот завод за статистика.
И тоа иако од државната каса на сметка на енергетски компании отишле 7,1 милијарда евра откако Уставниот суд одлучил дека државата незаконски наплаќала данок на нуклеарно гориво.
Од обединувањето на Германија ваков плус не е забележан. Додуша, во второто полугодие на 2000 суфицитот бил дури 28,8 милијарди евра, но тој плус речиси целиот потекнувал од тендери за користење на фрекфенција на мобилна телефонија. Германија инаку од фискалната 2014 година бележи само суфицит во буџетот.
