Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО 12 ГОДИШНО МОМЧЕ - Крвава пресметка меѓу две групи во соседна Србија, повеќе лица повредни

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО 12 ГОДИШНО МОМЧЕ - Крвава пресметка меѓу две групи во соседна Србија, повеќе лица повредни

Масовна тепачка во која учествувале дури 40-тина лица се одвивала ноќеска околу полноќ во Белград, Србија. Во тепачаката повредени се неколку лица, меѓу кои и двајца тинејџери кои се пренесени во Тиршово. Тамошните медиуми пренесуваат дека најверојатно се судриле две навивачки групи, а причина за тепачката е цртањето графити.

Масовна тепачка настанала на улицата Гандијева број 74, во блоковите 61 и 62, при што неколку лица се повредени. Интервенирале три екипи на Брза помош. Тројца мажи со тешки телесни повреди се пренесени во ВМА, а повредени се и две помлади момчиња, едното со тешки повреди, другото со полесни повреди.

Д-р Момир Шарац од ВМА изјави дека едно лице е тешко повредено и се наоѓа во шок-собата, додека две лица не се во животна опасност.

Три машки лица со тешки телесни повреди се пренесени во ВМА, а повредените две момчиња се на возраст од 12 и 16 години - едното се здобило со тешки, а другото со полесни повреди.

Како што неофицијално дознава РТС, во тепачката учествувале лица со фантомки. Станува збор за навивачки групи, а причина за конфликтот наводно е цртање графити.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести