Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешко оди продажбата на филијалите на грчките банки на Балканот

Тешко оди продажбата на филијалите на грчките банки на Балканот
Договорената, меѓу Грција и меѓународните кредитори, продажба на банкарски филијали на Балканот, може да се судри со одредени тешкотии, коментира весникот " Катимерини" . Иако грчките банки и меѓународните кредитори постигнаа теоретска согласност за намалување на присуството на финансиските институции во Југоисточна Европа преку продажба на подружници и компании, во пракса оваа стратегија може да се покаже проблематична. Според банкарски извори, во моментов, ќе биде многу тешко да се најдат купувачи за банките на Балканскиот Полуостров, објави Фокус . "Ако средината не се промени значително во наредните години , едвај ќе најдеме купувачи за филијалите во соседните земји " , посочи изворот.
Слично

Поврзани вести