ТЕШКИ РАЗГОВОРИ: Дали Филе од Вучиќ побара српски санкции за Русија?
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета на Белград, тврди дека не се обидел да влијае на промена на српскиот став за невоведување санкции кон Москва заради случувањата во Украина.
„Не, не се обидо да влијаам“, кратко одговорил Филе, иако потврди дека за прашањето станало збор на неговите средби со српските официјални претставници. Но српскиот премиер Александар Вучиќ има поинаква верзија.
Тој пред новинарите открил дека разговорите со Филе поминале „потешко од очекуваното“ и тоа токму заради прашањето за санкциите кон Русија.
„Не беа тешки по форма, но веројатно јас бев тежок, како што знам да бидам, бидејќи многу ми е важен суверенитетот на Србија. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на секоја земја, па така и на Украина. Но, да кажеме така, замолив Србија заради историските, традиционалните и долгите односи со Русија да го задржи својот став и да не воведува санкции“, откри Вучиќ, не сакајќи да открие повеќе детали.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе го нарече претстојниот период „исклучително важен“ за односите меѓу Белград и Брисел и навести дека Србија ми можела од почетокот на следната година да ги отвори првите поглавја во преговорите со ЕУ.
И Македонија, како и Србија, не се приклучи кон санкциите за Русија што ЕУ ги воведе заради случувањата во Украина.
Слично
