Тројца загинати, четворица повредени – две тешки сообраќајни несреќи во струмичко
Три лица загинаа минатата ноќ во две стравотни сообраќајни несреќи во струмичко. Во несреќите повредени се уште четири лица.
Вчера вечер во Струмица, нешто пред полноќ животот го загубил 27 -годишен струмичанец, кој бил возач возилото марка „БМВ“. Во несреќата се повредени и двајца негови сопатници кога тој загубил контрола врз возилото, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак. Од ударот возилото се превртело, при што струмичанецот загинал на лице место, а сопатниците итно се префрлени во болница.
Во втора стравотна сообраќајна несреќа и загинаа две девојки, а тешко се повредени две момчиња на возраст од 25 до 31 година. Незгодата се случила во раните утрински часови, кога нивниот автомобил „опел вектра“ излетал од патот Струмица – Валандово.
Според полицијата, околу 4.40 часот возачот П.К. (25) од Негорици изгубил контрола над автомобилот и паднал во провалија.
На местото на несреката починале Нада М. (25) од Негорци и Магдалена П. (31) од Миравци. Возачот и сопатникот Т.Д. (25) од Гевгелија се тешко повредени и пренесени во болница.
Полицијата работи на утврдување на причините за несреќите.
Слично
