Тешка сообраќајка кај Демир Капија – едно бебе го загуби животот!
Едно 8-месечно бебе го загуби животот, а седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќашто се случи утрово на местото „Арсова лака“, меѓу Демир Капија и Удово. Според првичните информации, до несреќата дошло при директен судир на два автомобили со српски регистарски таблички.
Се судриле „Форд фиеста“ и „Шкода фабиа“, при што биле повредени сите осум патници во автомобилите. Бебето починало на пат кон велешката болница.
Останатите повредени се префрлени во болницата во Велес за хируршки интервенции, а лекарите најавуваат дека во текот на денот ќе известат за нивната здравствена состојба.
МВР изврши увид на местото, а причините за несреќата се утврдуваат. Оштетените возила се отстранети од патот, а сообраќајот кој беше во застој од несреќата утрово, повторно е нормализиран.
Слично
