ТЕШКА СИТУАЦИЈА: Украина пред банкрот!
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук предупреди дека на Украина и се заканува економска катастрофа ако парламентот не усвои штедлив буџет, кој го поддржува ММФ.
„Недостатокот на одговорност кај поедини парламентарни фракции и пратеници може да доведе до тоа да не дојде до исплата на плати и пензии. Неуспехот на парламентот во усвојување на буџетот може да резултира со недостаток на држабни средства заукраинската војска, полиција, школи, болници и да предизвика економска катастрофа“, рекол Јацењук.
Тој, меѓутоа, истакнал дека тоа нема да го дозволи.
Пратениците на украинскиот парламент би требало да одржат дебата за Предлог законот за буџетот за 2016 година, кој би можел да ја одблокира исплатата на одложената транша кредит на ММФ и другите западни партнери на Киев во износ од 1,7 милијарди долари.
