Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА ОБРАЗОВНА ГОДИНА: Средношколците не веруваат на празни ветувања!

ТЕШКА ОБРАЗОВНА ГОДИНА: Средношколците не веруваат на празни ветувања!
Знамињата на средношколскиот пленум повторно се развијориа пред Министерството за образование. Учениците на јавна дебата го означија почетокот на новата учебна година во која останаа старите проблеми кои минатата година ги извадија од училишните клупи. Тие не се задоволни од игнорантскиот однос на власта која соред нив  најавува одложувања но не и конкретни решенија за според нив лошите реформи за кои и самата е свесна дека се неспроведливи и однапред осудени на пропаст. Средношколците подржани од своите професори и родителите порачуваат дека оваа учебна година ќе следи нова битка, во која очекуваат барем еднаш надлежните да си го остварат ветеното, но не за средба поради средба, туку за заеднички решенија на проблемите кои како што велат  со години го уназадуваат образовниот процес. “Тие ги менуваат ставовите, ние планираме менување на барањата. Сакаме да добиеме рамноправна инволвираност во донесувањето на новиот концепт за државна матура и кога ќе се донесе да стапи во сила за оние средношколци кои би се запишале во средно училиште. На надлежните можеби им се битни само изборите, но за нае е најбитно нашето образование  и во никој случај не сме инструирани од ниту една политичка партија. Независно кој е победник на изборите или кој е моментално на власт, Средношколскиот пленум ќе се бори за подобро образование против лошите реформи”- вели Андреј Битраков од Средношколски пленум. Второто полугодие од минатата учебна година помина со блокирање на  редовната настава во училиштата, а дел од скопските средношколци повеќе од  три недели кампуваа во паркот наспроти ресорното министерство со надеж дека надлежните ќе ги прифатат нивните аргументи за стопирање на реформите во образованието. Тие не ја исклучуваат можноста за нова радикализација. “Ќе почнеме од најнерадикалната мерка преку  можност за разговори и заеднички закчучоци. Не  исклучуваме  радикализација на одлуките доколку не се исполни ветеното. Ја продолжуваме битката. Имаше притисоци, очекуваме и оваа година истите да бидат позасилени од училиштата, но спремни сме да се соочиме со факти и аргументи. Минатата година и покрај заканите дека нема да земеме свидетелства,дека ќе има  продолжување на учебната година и слично, ништо не се случи.Тоа е знак дека има сериозни проблеми, а не се решаваат. Едноставно се прикриваат.  Ние сакаме квалитетно образование, но учениците и професорите да бидат вклучени како активни чинители во креирање на нов концепт за државна матура која ќе се темели на заокружување на стекнатите знаења, потврдување на квалитетот, а не дополнително и бесцелно оптоварување” -вели Ана-МаријаМилојевиќ од Средношколскиот пленум. Средношколци: “Пленумот е наша партија, знаењето е наш лидер!” Средношколскиот пленум веќе ги одреди своите нови претставници, наследници на минатогодишните матуранти кои активно ја водеа борбата за враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање. Овие сериозни точки кои според нив го уназадуваат образовниот процес треба сериозно да се разгледаат бидејќи носат негативни последици за учениците, професорите,  па и за министерството како носител и спроведувач на истите. Идеите и размислувањата на младите луѓе-порачуваат средношколците,  не треба да ги плашат туку напротив да ги мотивираат одговорните да го слушнат нивниот глас. Учениците ги отфрлаат обвинувањата за партиско-политичка позадина на нивното делување. “Ние како пленум  во повеќе наврати покажавме и докажавме дека немаме никаква поврзаност со партиите, ние сме само голем збир на млади луѓе со критичка мисла и цврст став. Искрено жалам што таа наша критичност сакаат партиски да ја обојат, но тоа не е наша вина затоа што сепак, ние не бевме тие кои им се обративме со: "Знам јас кој те праќа тебе." Затоа, ако забележале партиски влијанија за време на преговорите со нас, тогаш ќе мораат да ја преиспитаат нивната страна од преговарачката маса”-вели средношколката Симона Туфекџиќ. Професори: Власта тактизира во обид  да си ги прикрие грешките! Незадоволни се и професорите. Велат во обид да ги прикријат лошо спроведените реформи и да се фокусираат како да останат на власт, надлежните само ги одложуваат проблемите. За нив велат образованието е апстрактна именка за која немаат конкретни решенија, ниту план кој  би го  решил хаосот во кој ги ставија учениците и наставниот кадар. “Воопшто нема ни дилема дека останаа старите проблеми кои требаше да бидат заклучени со точка уште минатата учебна година. Ама изгледа сме оставиле само една запирка, да не речам сме испуштиле делови од оваа реча која ја правиме во цело ова време грижејќи се за образованието.Тие кои навистина треба да се грижат за образованието не се грижат. Ветија дека во текот на летото ќе работат со работните групи составени од наставници, професори и ученици кои ќе работат на проблемите истакнати во текот на второто полугодие од минатата година, но ништо не се оствари. Целосно потценување кон учениците, професорите и кон целото образование кои според нив очигледно не заслужуваат квалитетно образование со кое  ќе одговорат на предизвиците  и случувањата кои се нарекуваат општествено живеење. Деновиве слушаме од Владата и од  министерството за некакви одложувања. Гледајќи ги овие лажни ветувања, зошто да им веруваме и на ова што го кажаа?! Нивното остварување очигледно функционира во тие нивни “монтирани” и “сечени  и лепени” емисии во кои ја возвишуваат дејноста и успесите на Владата”-вели професорот Душко Стојановски. Средношколците своите барања уште еднаш ќе ги достават до ресорното министерство. За државната матура ќе побараат во текот на наредните 4 години да се полага по  стариот концепт, а за тоа време преку работни групи да се  усовршува новиот модел кој би се применил за следните генерации. Второто барање е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата. С.Б.
Слично

Поврзани вести