Кампања во Струмица: Заев прашува, господине Пишев кога ќе платите данок на имот?
Актуелниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев упати низа обвинувања до ВМРО ДПМНЕ и политичиот ривал од нивните редови Васил Пишев за некоректно водење на политичката кампања, ширење омраза, лаги и уценување на граѓаните.
„Дозволете да дадам одговор на стилот и начинот на кампања кој политичкиот противник ја води. По валкана, по подмолна, по гнасна кампања – не може никој да измисли. Само ДПМНЕ, и се е можно. Газеа по честа и достоинството на моите родители, на моето семејство. Издржав на нозе. Заборавија во меѓувреме дека сето тоа само зборува за нив – кои се и какви се. Барем ги потсетија луѓето, кои се всушност моите политички противници!“, истакна Заев на денешната прес конференција.
Тој упати и отворено прашање до противкандидатот за градоначалник на Струмица, Васил Пишев за тоа кога планира да си го плати насобраниот данок
„Како господине Пишев сакате да ја водите општината? Вие донесовте закон. Пет години имавте законска обврска да го пријавите имотот на вашата фирма за да плаќате данок на имот, како и секоја друга фирма. Го сторивте ли тоа? Заборавивте? Зарем и водата и струјата заборавивте да ги платите? А за изградба на Соборниот храм, дониравте ли нешто, голем бизнисмену наш? Трајче кој стои на раскрсницата пред Глобал и чека другите да му дадат – УПЛАТИЛ! А Вие? И тоа го заборавивте? Голема почит кон Струмица сте иамле! Браво! Машала! Образованието Ваше го дозавршивте ли? И тоа го заборавивте!
За бизнисмен се декларирате, грин филд инвестиција споменувате, како странец, слушам од Вас, дури и документ за заштита сте барале во туѓина. Како инвеститори од дома или од странство ќе привлечете, каков пример ќе им бидете? Па, Технолошко-индустриска развојна зона споменувате! ,,Инвест ин Маседониа,,!.“, праша Заев.
Со цел соочување со фактите, Заев испрати покана до Пишев да излезат на ТВ дуел.
„Повелете, утре е последниот мегдан за дуел на ТВ ВИС. Еве Ви можност да ме прашате и за мене и за моите родители и семејството мое. Сакам и јас уште нешто да Ве прашам. Важно ќе им биде на струмичани. И јас и Вие – имаме покана од ТВ Вис. Ве чекам утре во 20.30 часот на дуел до пред молкот за да ја затвориме ова кампања,“изјави Заев.
Реакција на Пишев
Во својата писмена реакција на повикот за дуел и обвинувањата за неплаќање данок, Пишев враќа го чека дуел со граѓаните.
„Зоран Заев нема дуел со мене, тој има дуел со граѓаните. Најпрвин Зоран Заев треба да расчисти со самиот себе. Едно зборува – друго прави. Потоа нека ги расчисти сметките во своето семејство, околу тоа кој требало да ја плати струјата и даноците и кој како добивал тендери. Потоа треба да има дуел со своите пајташи од кланот. Потоа има да расчисти некои сметки со неговиот лидер Бранко Црвенковски. На крајот, на 24-ти март, Зоран Заев ќе има дуел со граѓаните на Општина Струмица“, стои во реакцијата на Пишев.

Слично