Теророт во Париз доведе до огромни берзански добивки за компаниите на оружје
Вонредно највисоката опасност од нови терористички напади на европска територија по ужасот од 13-ти ноември во Париз, како и сигналите за зајакнување на бомбардирањето во Сирија доведоа до значителен раст на акциите на најголемите компании за оружје .
Во САД производителот број еден во целиот свет во лицето на Lockheed Martin забележа 3,53% раст на акциите во синоќешната седница на Њујоршката берза. Американската компанија ги прави авионите F-35, F-22, F-16 и F-117 "Стелт", како и големите воени транспортни авиони C-130. Не заостануваат и акциите на уште еден голем производител - Northrop Grumman. Ова е компанијата која неодамна го доби договорот за развој на следна генерација борбени авиони за американската армија. Акциите на Northrop летнаа на 4,4%. Производителот на самонасочувачки ракети Raytheon исто така е во компанииите кои бележат добивки - 4,20% раст.
Поскромно, со "само" 2,86% се зголемуваат акциите на главниот производител на воени камиони за американската армија Oshkosh Corporation. Со 1,93% се зголеми цената на акциите на General Dynamics - компанијата која ги прави тенковите M1A2. Boeing, вториот во светот воен производител според рангирањето на Стокхолмскиот институт за мир (SIPRI), забележал 1,28% зголемување во вредноста на акциите. Познатата авионска компанија ги произведува авионите F-18, хеликоптерите "Чинук" CH-47 и ракети "Томахоук".
Францускиот производител број еден на воена опрема Thales Group, кој е на 10-то место во рангирањето на SIPRI за 2013-та година, ужива поголем раст на акциите - 3,3%. Французите се специјализирани во производство на електроника за воени цели.
Растот на Thales е факт, иако главниот француски берзански индекс CAC40 падна за 1,5% синоќа. Британската BAE Systems, третиот најголем производител на оружје во светот, предвиде 2,2% поскапување на акциите.
Другиот британски гигант - Roll-Royce, забележа 5% зголемување на акциите. 15% од приходите на компанијата доаѓаат од секторот на одбраната.
Рекордно поскапување на акции забележа производителот на детектори и скенери кои се користат на аеродромите Smiths Group, информира "Гардијан". Акциите на компанијата летнаа нагоре со цели 10% во рамките на индексот FTSE 100.
Финансискиот директор на Smiths Group Крис Ошеи коментира дека "колку и да е тажно тоа, одговорните лица сфаќаат дека ка немаат најновата опрема на пазарот и веќе ја бараат ".
