Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тероризмот ги избрка туристите од Европа

Тероризмот ги избрка туристите од Европа

За драматичните статистики и поништени резервации известуваат најголемите туроператори како „Thomas Cook“, кои тврдат дека едни од најпосакуваните дестинации за оваа година ќе бидат Бугарија и Куба.

Оваа прогноза ја даде извршниот директор на фирмата Питер Фанкхаусер откако ги објави годишните планови и основни насоки за компанијата.

До овој заклучок дошло, бидејќи најголемиот дел од туристите, запишани за одмор во големи Европски градови или турски летувалишта, се пренасочуваат кон Шпанија, Бугарија, Куба и Америка.

Со оглед на серијата терористички настани, од почетокот на ноември 2015 година е забележан значителен пад на приходите за последниот квартал на фирмата.

На сајтот на Британското Министерство за надворешни работи дури беше објавена картичка, која им помага на туристите да одлучат каде да одмараат оваа година, на база на безбедноста и политичката ситуација во земјите.

Во „најопасните земји“ спаѓаат: Обединетото Кралство, Белгија, Турција, Франција, Германија, Русија и Шпанија, додека земјите од Скандинавскиот и Балканскиот Полуостров се наведени како земји со помала закана или оние кои се под потенцијална закана. Најмногу -безопасни се: Естонија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Чешка, Полска, Унгарија и др.

opasni za odmot

Сите земји се обидуваат да ги надминат падовите во туристичкиот сектор. Пример за ова е Франција, која е една од најпогодените од терористички напади досега.

Властите во земјата најавија дека туристите на плажите, стадионите и организираните настани ќе бидат обезбедувани деноноќно и  23 000 војници се бидат распоредени во близина на главните француски летувалишта.

Поради нестабилната политичка ситуација и во земјите од Северна Африка како Тунис и Египет, речиси сите туроператори ги откажуваат планираните чартер летови до овие земји и така Европејците беа лишени од најблиските егзотични дестинации, кои им се омилени на „All-Inclusive“ туристите.

Слично

Поврзани вести