ТЕРОРИЗАМ: На Косово спречен самоубиствен напад со возило со експлозив
Косовски суд одреди мерка притвор во траење од еден месец за две лица кои се под истрага заради подготовка на терористички напад и за регрутирање во корист на екстремистички групи.
Едниот осомничен, белгиски државјанин, побарал од другиот осомничен да изврши самоубиствен напад со возило со експлозив против единици на меѓународните сили на КФОР во Косово. За таа цел, второто лице било опремено со експлозивни уреди и оружје.
Косовските власти информираа дека околу 180 граѓани на државата се борат во Сирија и Ирак.
Слично
