Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО АНКАРА, ЕДНО ЛИЦЕ СЕ РАЗНЕСЕ, ДРУГИОТ Е НЕУТРАЛИЗИРАН: Има повредени полицајци, цела Турција се крена на нозе

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО АНКАРА, ЕДНО ЛИЦЕ СЕ РАЗНЕСЕ, ДРУГИОТ Е НЕУТРАЛИЗИРАН: Има повредени полицајци, цела Турција се крена на нозе

Пред зградата на Црвената полумесечина на Министерството за внатрешни работи во турската престолнина Анкара се слушнала експлозија, по што следел истрел од пиштол, јавува Анадолија. Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека станува збор за терористички напад.

По експлозијата и пукотницата што се слушнала во близина на зградата на Министерството за внатрешни работи, турските полициски сили презедоа опсежни мерки во областа.

Булеварот Ататурк е затворен за сообраќај откако се слушна звук на експлозија на локација во близина на капијата на Големото национално собрание на Турција во областа Чанкаја.

На местото на инцидентот пристигнал и тим за специјални операции, противпожарни екипи и медицински екипи.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека двајца терористи, кои дошле со мало возило пред влезот на Генералната дирекција за безбедност во Анкара, извршиле бомбашки напад.

Јерликаја во објава на социјалните мрежи рече дека двајца полицајци се полесно повредени.

„Околу 9 часот и 30 минути двајца терористи кои со помало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција за безбедност на МВР, извршиле бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот терорист е неутрализиран. При пукањето на отворено двајца наши полицајци се полесно повредени. На нашите херои им посакувам брзо закрепнување“, рече турската министерка Јерликаја.

„Нашата борба продолжува одлучно додека не се неутрализира последниот терорист“, додаде Јерликаја.


Слично

Поврзани вести