Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористички напад на фабрика за воена опрема во Турција, има мртви

Терористички напад на фабрика за воена опрема во Турција, има мртви

Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни. Терористичкиот напад е изведен во областа Кахраманказан.

„Се случи експлозија во производниот погон ТУСАШ во Анкара, во областа Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението на турската информативна агенција.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја се огласи на мрежата „Х“ и нападот го прогласи за терористички.

Има и престрелки со загинати и ранети. Луѓе бегаат на сите страни, а бројни полициски екипи се на терен.


Слично

Поврзани вести