Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористи на „Исламска држава“ ги користат пристаништата на Балканот?

Терористи на „Исламска држава“ ги користат пристаништата на Балканот?

Екстремистите од групата „Исламска држава“ ги користат пристаништата во Хрватска, Грција, Албанија и Црна Гора за префрлање на луѓе од Сирија во Европа и обратно.

Овие информации ги објави италијанскиот весник „Република“. Понатаму се наведува дека џихадистите наводно го користат морскиот пат од Бари од каде со траекти се стигнува до Дубровник. Поради тоа во Бари се засилени безбедносните мерки. Засилени се полициските патроли кои ги проверуваат патниците. Дополнителни проверки се прават и на аеродромите.

Од Бари со траекти терористите од „Исламска држава“ патуваат кон хрватските, црногорските и кон грчките пристаништа, но и кон Албанија.

Пред неколку недели италијанските служби објавија дека во текот на август постои зголемена опасност од терористички напади во земјата, поради што е подигната безбедноста во Рим на ниво два, од можни три.

Посебно се внимава на безбедноста во туристичките места во Италија.

Слично

Поврзани вести