Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување за Македонија

Терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување за Македонија

Одобрено е отпочнувањето на процесот за обезбедување алтернативни извори на гас, соопштија од Владата. 

Владата на денешната 14-та седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција.

„Со овие договори и преземени обврски, Терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на Северна Македонија“, велат од Владата. 

Реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка, обезбедува ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар.

Слично

Поврзани вести