Termin.mk – 1 година онлајн достапни термини за свадба, роденден во игротека и спорт и рекреација
Termin.mk e иновативна веб апликација за проверка на термини во свадбени објекти, игротеки и спортски објекти. Наместо досегашниот начин кој се состоеше од бесконечни јавувања од едно на друго место, или пак уште потешкиот, одење од едно до друго место, сега преку Termin.mk сето тоа со неколку едноставни клика може да го организирате од дома.
На едно место може да ги пронајдете одговорите на сите Ваши прашања: Каде да правам и како изгледаат локациите? Кои се слободните термини? Дали има доволен капацитет? Кои се цените и начини на плаќање? Како изгледа просторот?
По 1 година на пазарот, повеќе за идејата, концептот и идните планови зборува ко-основачот и извршниот директор на Termin.mk, Филип Стефановски.
Од каде настана идејата?
Идејата настана многу порано од самото лансирање на веб апликацијата и произлезе како резултат на еден реален проблем со кој се соочувавме јас, мојот партнер, како и нашата поблиска околина. Го искористивме оној најдиректен начин на креирање услуга преку создавање интернет алатка што нас ни е потребна и сакаме да ја користиме. Поставивме идејно решение, разгледаме одредени меѓународни искуства и сето тоа го прилагодивме за потребите на македонскиот пазар.
Свесни за предизвиците кои следат, го лансиравме Termin.mk на 20ти февруари 2014 година во Младинскиот културен центар, концепт кој има за цел да се развие во кориснички ориентиран бренд кој ќе биде синоним за проверка и резервација на термини за сите области кои функционираат на принципот резервација на термин за простор, со една единствена цел – создавање поголема вредност за корисниците и заштеда на нивниот највреден ресурс – времето.
Која е постапката за резервација на термин?
Од самиот почеток, низ нашите промотивни активности се обидуваме да допреме до корисниците дека во делот Свадба и Игротека не се врши директна резервација на термин преку нас, туку се испраќа барање за термин. Преку Termin.mk крајниот корисник врши онлајн проверка на слободните термини и испраќа барање за посакуваните кое стигнува директно до свадбената локација, односно игротека. Свадбената локација, односно игротека е обврзана во рок не подолг од 48 часа да го контактира потенцијалниот клиент, било по телефон или e-mail. Целата понатамошна комуникација помеѓу локацијата и корисникот се сведува помеѓу нив.
Делот Спорт започна со директна резервација на термин, но поради самите услови кои ни ги налагаше пазарот го променивме моделот и сега за резервација на термин корисниците мора да се јават во самиот спортски објект.
Ние имаме комплетен увид на се што се случува преку нас, па така на секое испратено барање ги контактираме нашите соработници да провериме дали е одговорено на испратеното барање. Треба да се има во предвид дека се уште се работи за нов концепт кај нас и секојдневно ги менуваме навиките и на нашите соработници и на корисниците.
Важно е да истакнеме дека за корисниците нашата услуга е бесплатна.
На точно една година работење како сте задоволни од функционирањето?
Брендот го градиме долгорочно и трпеливо и сме повеќе од задоволни од досегашните резултати. Посебно можеме да се пофалиме дека во најуспешниот дел „Свадба” успеавме од една страна да направиме најквалитетна база на свадбени локации, а од друга страна значително да придонесеме за менување на навиките на самите локации и корисници при процесот на резервација на термин. Посебно ни е чест што можеме во делот за свадби да зборуваме за бројка од над 200 испратени онлајн барања за термин и значителна бројка на договорени свадби преку нас.
Во делот Игротека имаше одреден интерес, но има и простор за напредок, посебно во делот со градењето на базата. Во план е и мала модификација на тој дел во блиска иднина. Секако, потенцијалот тука е голем и константно работиме на овој дел.
Делот Спорт не ги даде очекуваните резултати во делот онлајн резервација, па така самата резервација се прави во самите објекти. Кај нас, во моментов, може да се најдат корисни информации, како телефон, фотографии, типови на спортови и цени кои ги нуди самите објекти, мапа итн. За овој дел имаме големи планови за кои наскоро ќе бидат преземени активности.
Следејќи ги потребите на корисниците, би сакале да истакнеме дека од самиот почеток не престанавме со развојот на веб апликацијата. На 20ти Октомври беа воведени деловите свадбени и роденденски попусти. Со свои профили ги креиравме субјекти кои нудат услуги кои се поврзани со денот на свадбата и денот на роденден и притоа кај најголем дел нив воведовме ексклузивни реални попусти. Што значи тоа? Покрај информациите кои нашите корисници можат да ги видат за услугите кои се поврзани со денот на свадбата односно денот на роденден, секој од нашите корисници кој ќе прати онлајн барање за термин до една од локациите кај нас и притоа ќе го реализира барањето, односно ќе го резервира терминот во самата локација има право да ги користи сите попусти кои нашиот тим ги има обезбедено. Па така корисниците кои ќе прават свадба имаат право да користат попусти во над 50 субјекти како фото студија, венчаници, декорации, музички групи, осветлување, покани итн. Во делот за игротека опфатени се попусти за декорација, анимација, роденденска торта итн. Со овој новитет кој го воведовме, значително го поместивме бројот на испратени онлајн барања за термин и успеавме на нашите корисници да им овозможиме дополнителна вредност
Каков е интересот од локациите за соработка?
Задоволство ни е да истакнеме дека од самиот почеток значителен број на локации сами не имаат контактирано за да се приклучат кон базата, што е потврда за нашата успешна работа. Очигледно е дека прераснавме во бренд од кој што бенифит имаат и крајните корисници, но и локациите.
Во однос на фидбекот кој го добиваме за ажурирањето на календарите, иако веќе голем дел од нашите соработници Termin.mk го имаат прифатено како алатка која им користи за лична организација, сепак кај мал дел од нив мораме се уште да бидеме трпеливи, со оглед на тоа што се работи за нешто ново кое налага поинаков начин на функционирање. Ние даваме се од себе да ги потсетуваме соработниците редовно да го ажурираат нивниот календар со цел информацијата која корисникот ја добива за термините во најголем дел од случаите да биде веродостојна.
А кои се следни чекори?
Континуирано ги следиме трендовите во индустријата и потребите како на корисниците така и на клиентите. Научивме дека посветеноста кон работата и грижата кон корисниците преку директна комуникација со нив се формулата за успех.
Покрај зголемувањето на постојната база на соработници, наскоро Termin.mk согласно feedback-от од потребите на пазарот ќе понуди услуга за посебна таргет група на корисници која во моментот исто така не воопшто покриена во Македонија. Засега се уште не би откривале повеќе од тоа, но наскоро ќе следи промоција на истата.

Слично