Економија, финансии, бизнис

Контакт

Теренската проверка на спорни гласачи оди бавно

Теренската проверка на спорни гласачи оди бавно

Теренската проверка на сомнителни гласачи се одбива бавно.

Ова го потврдуваат и од Државната изборна комисија од каде велат дека во првите три дена пополнети се 20.640 од вкупно 89.000 прашалници и оставени се 498 известувања. Во Центар се проверени  третина спорни гласачи, а во општина Сопиште со 36 спорни гласачи теренската проверка заврши.

Проверката се одвива многу бавно во населбата Kарпош, каде се проверени над 200 спорни гласачи, а вкупниот број е околу 7.000. Претставници на ДИК денеска треба да ја посетат локалната канцеларија за да видат зошто работата тече бавно.

Дополнителни анкетари се вклучуваат  ако има потреба за внесување на податоците од прашалниците, додаваат од ДИК.

Иако се планираше теренската проверка да заврши до 3 април, сепак за целиот процес ќе треба повеќе време.

Слично

Поврзани вести