ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА: Роковите пробиени, ДИК молчи, колкав е бројот на спорни гласачи?
И денеска молк од Државната изборна комисија до каде е теренската проверка на спорните гласачи.
Рокот заврши пред два дена, а од комисијата не откриваат што понатаму, колкав е бројот на сомнителни гласачи и колкумина од нив ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Она што досега е познато е дека проверката на терен завршила и се работи на внесување на податоците од анкетните листови во електронска форма.
Подложни на теренската проверка требаше да бидат 89.383 спорни гласачи.
Дел од медиумите пренесуваат дека во комисијата владеат жестоки караници и различни мислења околу завршната одлука.
Аминистративно пак мета на проверка беа 100.000 гласачи. Проверката за нив требаше да биде завршена заклучно 31 март но и тој рок се проби, па дополнителниот заменик министер за информатичко општество, побара да се повлечат администартивците ангажирани за внесување на податоците од теренската проверка, бидејќи не било испочитувано правилото на врзан потпи
Кога ќе заврши целосно проверката се очекува ДИК податоците да ги достави до надлежните институции кои ќе одлучат што потоа.
