Тепачка на Крит - едни ги поддржуваат, други не ги сакаат мигрантите
Во општина Ретимно на грчкиот остров Крит денеска се расправаше за отворање на прифатни центри за
бегалци и мигранти, а надвор се судрија две групи од кои едните
антифашисти и поддржувачи на мигрантите и други кои се против.
За да се смират тензиите, морала да
интервенира полицијата со употреба на солзавец.
На грчкиот остров Хиос пак, за денеска е закажан голем протест организиран од движење на граѓани кои бараат итно да се најде решение со проблемот со бегалците.
На островот Лезбос, според грчките медиуми, 16 годишен Пакистанец бил жртва на групно силување од
негови сонародници.
Инцидентот се случил минатата недела во кампот Морија, момчето коа е сместено во делот за
деца без придружба, силувањето го пријавил кај член на невладина организација, а потоа
била известена и полицијата.
По медицинскиот преглед било потврдено дека момчето било силувано. Четворицата малолетници ќе одговараат пред истражен судија.
