Тензиите меѓу Русија и Украина доведоа до скок на цената на златото
Тензиите помеѓу Русија и Украина се одразија и на цените на златото. Цената на златото се намали за скоро 3 отсто утринава на 1.853,91 долар за троја унца, откако во петокот порасна за 1,8 отсто – најголем пораст од 13-ти октомври.
Напнатноста околу трупањето руски војници на границата со Украина, резултираа нови поскапувања на златото и паладиумот затоа што многу инвеститори бараат засолниште за своите пари.
Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник во интервју за БИЛД предупреди дека посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев и Москва денеска и вторник ќе бидат „веројатно последна шанса“ за мир.
Мелник јасно става до знаење: „Веќе имаме чувство дека војната станува сè понеизбежна“.
Слично
