ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар
Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар во Загреб каде се одржува изложба.
Тие се собраа очигледно за да протестираат против одржувањето на Денот на српската култура.
Во еден момент, еден од маскираните млади мажи плукнал кон фоторепортер на Индекс. Откако ја испеаа „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие ја напуштија сцената.
Полицијата не интервенираше веднаш, групата се оддалечи сама.
Српскиот културен центар, каде што се одржува отворањето на изложбата, повеќе не е достапен за никого, јавува репортер на Индекс. Областа е полна со полиција за немири, а сè уште пристигнуваат повеќе полициски возила. Исто така, има и некои припадници на специјалната полиција.
Слично
