Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензии во Украина и на Блискиот Исток - цените на нафтата скокнаа

Тензии во Украина и на Блискиот Исток - цените на нафтата скокнаа

Има зголемување на цените на нафтата. 

На лондонската берза цената на барелот скокна за 33 центи на 88,22 американски долари, а во Њујорк барелот поскапе 24 центи на 85,38 долари. Цените пораснаа вчера на меѓународните пазари поради загриженоста околу снабдувањето во атмосферата на тензии меѓу Русија и Западот, и на Блискиот Исток.  Напнато е во Украина, но и на Блискиот Исток каде Обединетите Арапски Емирати пресретнаа и уништија две балистички ракети кои Хутите ги испукаа. Залихите на сурова нафта во Кушинг во Оклахома се најниски во периодот од годината од 2012 година.

Слично

Поврзани вести