Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕНЗИЧНО ВО СРБИЈА: Искршен штаб на владеачката партија, за Брнабиќ ова е терор

ТЕНЗИЧНО ВО СРБИЈА: Искршен штаб на владеачката партија, за Брнабиќ ова е терор

Тензично е денеска во Србија откако и оваа сабота, втор пат по ред се организираа протести против измената на Законот за експропријација заради ископот на литиум и организирањето референдум за промена на Уставот на Република Србија. На овој протест се бара ослободување на сите приведени од минатиот протест. Вечерва како што соопшти премиерката Ана Брнабиќ искршен е штабот на владеачката партија СНС во Младеновац. Брнабиќ гостуваше на ТВ Пинк.

„Само што дојдов од просториите на партијата каде бев цел ден и гледав дали нашите луѓе се безбедни. Сепак имаше неколку напади врз штабови на СНС. Вечерва упаднаа во просториите на нашиот општински одбор во Младеновац. Терор! – изјави Брнабиќ за Пинк.

- Ова што го прават овие луѓе не е демократија - додаде Брнабиќ.

Белград денеска беше блокиран два часа, поради протестите кои го парализираа сообраќајот и функционирањето на градските служби на повеќе локации во градот. 

Организаторите протестите ги нарекоа еколошки, а официјална причина за собирот беше незадоволството од законот за референдум и експропријација.

Беше блокиран автопатот во Нов Белград, кружниот тек Славија, Бранковиот мост, Панчевскиот мост, Пупиновиот мост, како и кружниот тек кај општина Нов Белград. 

Слично

Поврзани вести