Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензично во Сирија, Европа се подготвува за голем бран бегалци

Тензично во Сирија, Европа се подготвува за голем бран бегалци
Земјите од ЕУ ќе мора да се подготват за голем бран на бегалци од Сирија, предупредува Европската комисија, посебно доколу дојде до најавуваната американска воена интервенција против сирискиот режим на Башар ал Асад. Земјата веќе ја напуштиле околу два милиона луѓе, како и еден милион деца.Раселени се четири милиони Сиријци, кои иако ги напуштиле своите домови, засега се во Сирија, покажуваат податоците на меѓународните агенсии. Италија е прва на удар, илјадници бегалци веќе стигнаа во европските земји. Свропските функционери смируваат дека бројот на бегалци е во нормални граници, а раселените Сиријци се  надеваат дека брзо ќе се вратат дома. Само во Италија, во август пристигнале околу 3.000 бегалци од Сирија –  кои овде патуваат преку Египет. Италијанскиот премиер Енрико Лета, најави дека очекува влошување на ситуацијата и нови бранови бегалци. Голем дело од бегалците, се обидуваат преку Турција, Грција и Македонија, да стигнат во западноевропските земји.
Слично

Поврзани вести