Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензично во Куманово, неофицијално терористичката група брои 70-80 лица

Тензично во Куманово, неофицијално терористичката група брои 70-80 лица

Престрелката во Куманово се жештува. Се слушаат пукотници, интервенираат бројни екипи на службата за Брза помош, улиците се блокирани, а во градот се стационирани неколку стотици полицајци. Најжестоките престрелки и натаму се водат во месноста „Дива населба“, односно месната заедница „Тоде Мендол“ која се наоѓа од десната страна при влезот во Куманово. Над Куманово кружат хеликоптери , но имаат и чести прелети над Скопје. Се претпоставува дека до клиничките центри транспортираат повредени од денешната акција на МВР, која започнала утрово околу 4 часот за разбивање на непозната вооружена група стационирана во кумановската „Дива населба“, јавува ДојчеВеле.

На Здравствените институции им е забрането да даваат било какви информации, но потврдиле дека има повредени и полицајци и цивили, а за можни жртви засега нема потврда.

Терористичката група како засолниште користела ктри куќи кои што се целосно изгорени.

Уште вчера медиумите објавија информација дека вооружена група навлегла од Косово во Македонија и планира напади на полицајци и специјални единици како и други државни институции. Неофицијално, терористичката група брои меѓу 70 до 80 лица, колку што успеале да влезат во критичната зона, но според безбедносни извори намерата им била да влезат во двојно поголем број и да нападнат стратегиски објекти во градот. Настаните ги следат дваесетина новинарски екипи од земјата и од регионот.

ДУИ загрижена

Демократската унија за интеграција соопшти дека со голема загриженост ги следи денешните случувања во Куманово и постојано апелура и се залага кај граѓаните за ладнокрвност и да не подлегаат на било какви провокации. ДУИ смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце, експлозијата пред седиштето на ДУИ и други, се дејствија што се во целосна спротивност со стратегиските определби на албанскиот народ како во Македонија, така и во Косово, во Албанија, и Прешевската Долина.

„Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на aлбанскиот народ во регионот. Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД; ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосна еднаквост на граѓаните, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност како и зачленета во НАТО и интегрирана во Европската Унија“, порача ДУИ и ги повика медиумите да демонстрираат голема одговорност во ова многу деликатно време, а граѓаните на Куманово и на населбата каде што се одвиваа денешните настани да останат мирни и да не подлегнуваат на разни дезинформации.

„Истовремено, МВР треба да постапува со целосна одговорност кон чуствителноста на безбедносната и политичката ситуација“, потенцира ДУИ.

(Извор: Дојче Веле)

Слично

Поврзани вести