Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензично во Ѓорче Петров по убиството на матурантот

Тензично во Ѓорче Петров по убиството на матурантот
Револтирани граѓани превртеа автомобили, запалија контејнери, дуќани и угостителски објеки во општина Ѓорче Петров како израз на незадоволство по убиството на матурант кој се обидел да спречи крадец на велосипеди. Во Ѓорче Петров ноќеска уште е тензично, а полицијата го затвори патот за возила кон оваа општина. Во истовреме, полицајците се обидуваат да ги спречат насобраните граѓани да се упатат кон Сарај, затоа што натаму избегале уште двајца од групата која крадела велосипеди, додека еден е уапсен. Ангел П., кој вчера ја прославил својата матура, забележал како му го крадат велосипедот и се впуштил во потера по крадците заедно со неговиот татко. Успеал да стигне ден од нив, но тој го убил со два убоди со нож во срцето.
Слично

Поврзани вести