Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕНЗИЧНО ВО БУТЕЛ: Група Македонци се судрија со полицијата, има и повредени

ТЕНЗИЧНО ВО БУТЕЛ: Група Македонци се судрија со полицијата, има и повредени

Протестите против изградбата на крстот во Бутел ескалираа откако двете групи, Албанците и Македонците, почнале да си фрлаат со камења и тврди предмети, јави ПлусИнфо.

Во немирите тројца полицајци се повредени и префрлени пренесени во Ургентниот центар.

Во моментов кај камен темелникот на крстот има два табора, кои ги дели полицискиот кордон.

Протестите против крстот започнаа вчера, откако функционери на владејачката ДУИ заедно со нивни симпатизери насилно ја урнаа околната ограда околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња.

Тие сметаат дека со поставувањето на крстот, се поттикнува верска омраза и велат дека ќе продолжат да протестираат додека не се повлече одлуката за негова изградба.

Слично

Поврзани вести