Тензично пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите фрлаат камења
Поголема група на демонстранти се издвоија од толпата и ја каменуваа полицијата, бидејќи не дозволува пристап до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ситуацијата е напната. Дел од граѓаните кои од Собранието се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја смират групата. Кордон полицајци со водени топови не дозволуваат демонстрантите да се доближат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Некои од демонстрантите кои на лицето носат маски се конфронтираат со полицајците и велат дека нема да молчат.
Протестот е уште помасовен од вчерашниот, а низ центарот на Скопје се забележува и поголемо присуство на безбедносните сили.
Во моментов полицијата ги брка демонстрантите кон Илинденска.
Слично
