Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕНЗИЧНО НА ОСТРОВОТ ЛЕРОС: Се тепаа бегалци и Грци

ТЕНЗИЧНО НА ОСТРОВОТ ЛЕРОС: Се тепаа бегалци и Грци

На грчкиот остров Лерос викендов додека траеше протестот на група бегалци кои се бунтуваа поради условите во бегалскиот камп  имаше инциденти.

Поради недоразбирање меѓу бегалците и полицијата, физички беше нападнат шефот на полицијата, што доведе до масовна тепачка во центарот на градот и судири меѓу бегалците и жителите на островот.

Инцидентот почна во центарот на градот, со протест на околу 200 бегалци кои живеат во затворениот центар. Тие се жалеле на условите во центрите каде се згрижени.

На протестот дошол и градоначалникот на островот, Михалис Колиас, заедно со шефот на полицијата и со неговите советници, за да проверат за што станува збор. Тие биле информирани за ситуацијата во кампот од претставник на невладина организација, кој бил заедно со бегалците. Градоначалникот објаснил дека не постои друг центар каде би можеле да ги пренесат, порачувајќи им на бегалците дека мора да се вратат во центарот.

Но, бегалците не сакале да заминат, а во исто време почнале и провокации од страна на граѓаните на Лерос кон бегалците. Поради тоа била повикана полицијата да се обиде да воспостави ред и да не дозволи ситуацијата да излезе од контрола. При доаѓањето на припадниците на специјалните полициски сили, без полицијата да има можност да објасни за што станува збор, десетина бегалци физички го нападнале шефот на полицијата. Имало тепачки меѓу бегалците, граѓаните и полицијата.

Целиот викенд ситуацијата на островот беше тензична. Граѓаните вербално напаѓаа волонтери и членови на невладините организации и на УНХЦР, кои им помагаат на бегалците, а имаше и обиди жители на островот да влезат во бегалскиот центар за да се пресметаат со бегалците.

160203_FOR_Greece-Refugee-Camp-Ikea-House.jpg.CROP.promovar-mediumlarge

Градоначалникот на Лерос реагираше дека полицијата не ја врши добро својата работа на островот.  На Лерос престојуваат 690 бегалци.

Слично

Поврзани вести