Тензично кај Идомени, полицијата со солзавец ги растерува мигрантите
Македонската полиција со солзавец ги растера стотиците мигранти од пограничната линија со Грција.
Над 500 луѓе се собрале во импровизираниот камп во Идомени, на границата со двете земји. Извори од грчката полиција велат дека во тој дел има „тензија“, но не коментираат повеќе.
Илјадниците бегалци кои утринава тргнаа од кампот Идомени на грчка страна, фрлаа кон полицијата со тврди предмети и ја корнеа оградата обидувајќи се да влезат на македонска територија.
Македонските полицајци и припадниците на армијата се во голем број распоредени долж граничниот појас.
Слично
