Тензично кај ЕУ Инфо центар, демонстрантите се судрија со полицијата
Тензично е кај ЕУ Инфо центарот во Скопје, затоа што демонстрантите се судрија со полицијата.
Тие се пред ЕУ Инфо центарот за да порачаат дека не треба да има преговори со криминалци. До инцидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кажа дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт, затоа што протестот е мирен.
Граѓаните извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“.
Слично
