Центар:Ако се констатира дека Чаир бесправно ги поставила спомениците, ќе се преземат мерки
Во паркот Жена борец е поставен споменикот на албанскиот писател, Пјетер Богдани, а на плоштадот се подготвува теренот за поставување на споменикот на Неџат Аголи.
Покрај кејот на Вардар, во близина на новиот театар попладнево е поставен и споменикот на албанскиот културен деец и католички свештеник, Јосиф Багери.
Од општина Центар велат дека ќе истражат дали некој направил упад на територија на општината.
„Градоначалникот на општина Центар денес ги задолжи надлежните инспекциски служби да ги истражат овие наоди. Доколку се констатира дека општина Чаир бесправно ги поставила спомениците, кон неа ќе бидат преземени сите законски мерки, вклучувајки и кривична одговорност. Општина Центар ќе побара од општина Чаир да каже во која постапка е избран изведувачот за поставување на спомениците и која е компанијата која бесправно ги постави спомениците“- информираат од општина Центар.
Граѓаните рано утрово ги забележаа спомениците, а донесени се во текот на ноќта.
