Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тендерот за ХЕ „Чебрен“ ќе се распише наредната недела – владата не се откажува од ХЕ „Галиште“

Тендерот за ХЕ „Чебрен“ ќе се распише наредната недела – владата не се откажува од ХЕ „Галиште“
Идната недела ќе биде распишан уште еден тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, најави денеска министерот за екологија, Абдилаќим Адеми, на форумот во Стопанската комора на Македонијакаде се разгледуваше проблематиката за изградба на мали хидроелектрани. - Сите процедури за усогласување на тендерот со барањата на инвеститорите се завршени. Сега тендерот е баланс меѓу барањата на Владата за изградба на хидроелектраната и на инвеститорите, па се надевам дека заинтересираните инвеститори ќе конкурираат за изградба на хидроелектраната - рече Адеми. Адеми е уверен дека овој тендер ќе заврши со избор на инвеститор, а „Чебрен“ ќе почне да се гради во предвидениот рок. - Овој пат ги раздвоивме тендерот за ХЕ „Чебрен“ од оној за „Галиште“, бидејќи инвеститорите не се нафаќаа да ги градат двете, меѓутоа не се откажуваме и од втората електрана - рече Адеми.
Слично

Поврзани вести