Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тендерите во Македонија наскоро продолжуваат по една недела пад на системот

Тендерите во Македонија наскоро продолжуваат по една недела пад на системот

Техничкиот проблем кој цела недела доведе до пад на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) е целосно надминат, гласи последната инфоирмација Бирото за јавни набавки.. 

Од таму очекуваат од утре системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби.

Веб-страната на Бирото за јавни набавки не беше во функција изминатата недела и беа блокирани сите јавни набавки. Се уште не може да се добие информација дали станува збор за хакерски напад и дали е загрозена базата на податоци за склучени договори на јавните институции. 

Ова е прв пат да има има ваков пад на системот за јавни набавки, а од Министерството за финансии немаше одговор кза можните последици од падот на системот за јавни набавки.

„Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, за што дополнително ќе ве информираме“, велат од БЈН.



Слично

Поврзани вести