ТЕНДЕР: За викенд-пензионерски туризам 150 000 евра !
Владата бара компанија со која ќе склучи договор за проектот “Бесплатен викенд на пензионери 2016“.
Според објавениот оглас, носител на јавната набавка е Министерството за труд и социјална политика, кое е надлежно да го спроведува овој проект. Предмет на набавката е хотелски услуги но и превоз на пензионерите.
“Предмет на договорот за јавна набавка е хотелско-угостителски услуги и превоз за реализација на проектот “Бесплатен викенд на пензионери за 2016“, пишува во огласот за јавната набавка.
Проценетата вредност без вклучен ДДВ изнесува девет милиони денари или скоро 150 000 евра.
Се работи за набавка која не е групна односно, предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива – пишува во овјавениот оглас. Времетраењето на договорот ќе изнесува четири месеци. Компанијата ќе се бира преку отоворена постапка а клучен критериум во изборот ќе биде најниската цена. Фирмите што ќе сакаат да учествуваат во трегата з аоваа државна набавка ќе мора да исполнат одредени економски, финансиски и технички услови.
Проектот “Бесплатен викенд за пензионери“ беше промовиран лани, во екот на летото.
“Години наназад како ресорно министерство ја покажавме нашата грижа за овие лица низ програмски документи, но и низ конкретни проекти и иницијативи на повеќе нивоа, кои овозможија пред сè материјална и финансиска сигурност на оваа категорија на граѓани, како и активности во насока на квалитетен и исполнет социјален живот“, изјави тогаш министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Според проценките на владата, со проектот за годинава беше планирано да се опфатат до 3.000 корисници на пензија, односно лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, но според псоледните информации од Владата, интерес има кај помалку од илјада пензионери.
Годинава, според изјавата на ресорниот министер, околу 1.250 пензионери ќе го искористат проектот бесплатна бањско климатска рекреација а околу 950 ќе ги искористат поволностите од проектот за бесплатен туристички викенд.
“Вкупно 2.200 пензионери во периодот од септември октомври ќе ги искористат целосно бесплатните услуги од овие проекти кои наидоа на огломен интерес и задоволство кај оваа категорија граѓани кои им помагаат да се социјализираат, да се рекреираат, да стекнат нови пријателства, им помагаат да имаат поквалитетен живот“, рече министерот Спасов
Пензионерите, преку овој проект добиваат: два полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно), односно пристигнување во петок попладне, а заминување недела попладне, и автобуски превоз до хотелскиот објект.
Хотелските објекти за годинашната видекнд-сезона за пензионерите се наоѓаат во туристичките капацитети и одморалишта во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово.
Барањата за аплицирање за “Бесплатен туристички викенд“ се доставуваат од 15 ти јануари до 16 ти февруари, а при рангирањето приоритет се дава на пензионерите коишто имаат понизок износ на пензии, лицата кои се подолго време во пензија, пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност, односно над 80%, лицата корисници на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност и додаток за слепило.
Пензионерите се една од најзначајните таргет-групи кон која се наосчи Владата со проекти, поволности и бенфиции, како што е беспалтниот автбуски превоз во Скопје, бесплатен железнички превоз и престој во бања на трошок на државата.
Само за “бесплатна бања“ и “бесплатен викенд“, годинава од Буџетот ќе се потрошат 780 илајди евра, или во просек по 354 евра по пензионер.
Која фирма ќе ги сместува и нои пензионерите догодина на бесплатен викенд, ќе се знае на почетекот од октомври, кога ќе се отворат и понудите, по што ќе има и одлука за конечниот избор.
Р.Ф.
Слично
