Темпото не сопира: Еврообврзница како капак на задолжувањата!
Новото задолжување изнесува 12,6 милиони евра, што е повеќе од двојно од планираните 5 милиони.
Темпото на задолжувањата не сопира. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот Јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од БДП.
Од вкупниот Јавен долг, 2,8 милијарди евра се надворешен долг а 1,4 милијарди евра внатрешен долг.
Податоците покажуваат дека во структурата на внатрешното задолжување, во постојан пораст се долгорочните заеми, зад кои како кредитори главно се пензиските фондови и осигурителните компании.
Ова значи дека стратегијата на Владата е да се задолжува со заеми кои подоцна ќе се ицплаќаат затоа што кондицијата на буџетот не е во таква состојба да ги издржи сите плаќања.
Тоа го покажа и ребалансот на буџетот, кога беа скратени главно, пари од капиталните инвестиции.
Растот на задолженоста практично ќе порасне со новата Еврообврзница, која според досегашните лифереувани инфрмации ќе се издаде на сума од 230 милиони евра, но не е исклучено да биде и поголема.
Од 2008 та година досега Македонја се задолжува со високо темпо. Вкупното ниво на задолжување порасна од 2 милијарди евра на 4, 33 милијарди евра штпо е зголемување за 2, 33 милијарди евра. Во овој период не се изгради некој голем капитален објект во енергетиката туку главно се градеше Скопје 2014. Изградбата на автопатите почна лани.
Слично
