Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМПИРАНА БОМБА: Имаат милиони млади за кои нема работа, ги чекаат немири

ТЕМПИРАНА БОМБА: Имаат милиони млади за кои нема работа, ги чекаат немири

Mладите Индијци тешко доаѓаат до работа. Допрва ќе биде тешко за нив. И платите се ниски, така што лекари прифаќаат да работат за 300 долари. 

Државата не е во состојба да понуди работни места за милионите млади. Работоспособното население е скоро 900 милиони, покажаа податоците од 2021 година на Организацијата за економска соработка и развој.  Стапката на вработеност на жените во 2021 година изнесувала само 19 отсто, објави Светската банка.

„Индија лежи на темпирана бомба. Ако властите не можат да создадат доволно работни места во релативно краток временски период, ќе има големи социјални немири“, вели Чандрасехар Шрипада, професор на Индискиот факултет за бизнис.

За десет години, работоспособното население ќе ја надмине границата од 1 милијарда.

Индија напролет ќе стане држава со најголем број жители и ќе се позиционира пред Кина според населението. И Индија и Кина сега имаат по околу 1,4 милијарда жители.

Изминативе години имаше и оптимистични прогноза за индиската економија. 

foto freepik.com/ASphotofamily

Слично

Поврзани вести